Чудо во Манила: Литванија ги шокираше Американците и закажа дуел со Србија

Литванија приреди сензација во својот последен меч од втората фаза од СП 2023 славејќи над САД со резултат 110-104 нанесувајќи им го на Американците првиот пораз на овој светски шампионат. Победата на овој меч значи и дека Литванија ќе го освои првото место во групата и во четвртфиналето ќе се сретне со селекцијата на Србија, додека САД во нокаут фазата за ривал ќе ја има Италија.

Сензацијата беше најавена од самиот почеток, со беспрекорниот шут од далечина на литванските кошаркари кои ги погодија првите девет шутеви за тројка што ги упатија кон противничкиот кош. Првата четвртина заврши со водство на Литванците од 29-15, а ваквата предност беше одржувана и во текот на вториот период, па на одмор се замина со предност на европската селекција од 54-37. Почетокот на второто полувреме беше и најава за голем пресврт, откако Американците со серија од 13-2 експресно се вратија во мечот. САД стигна до „минус четири“, но Литванија имаше доволно оружје во својот „арсенал“ за да одговори на предизвикот и да не дозволи целосен камбек.

Американските кошаркари пак дојдоа на четири поени разлика, но шутот од далечина на Литванците беше незапирлив, Кузминскас погоди од место преку човек со звук на сирената при 91-85, а на две минути до крајот прецизен беше и Димша, кој со нова тројка стави крај на надежите за камбек на Американците, за огромна победа на Литванија изразена со конечните 110-104.

Шест литвански кошаркари имаа двоцифрен број на поени на овој натпревар, а најефикасни беа Кариниаускас со 15 поени, Кузминскас со 14, пред Валанчиунас со 12 поени и седум скокови. Во таборот на САД

Се вчитува...