Чудото од 16 години – ПСЖ веќе му плаќа милиони…

Талентираниот Чави Симонс минатата година одлучи да ја напушти позната фудбалска школа на Барселона „Ла масија“ и да потпише договор со францускиот Пари Сен Жермен. 16-годишниот фудбалер сега кариерата ја гради во парискиот гигант, а покрај фактот што во иднина може да стане фудбалска ѕвезда, тој веќе е број еден на социјалните мрежи.

Симонс на „инстаграм“ го следат повеќе од два милиони луѓе. Тој во ПСЖ сега има договор од милион фунти годишно што го прави најскап фудбалер во светот на негова возраст. Покрај платата од ПСЖ тој има потпишано и спонзорски договор со „најки“. Чави е син на поранешниот фудбалер Регилен Симонс, а името го добил по легендата на Барселона Чави Хернандез.

Се вчитува...