Вчерашната победа на Македонија во Палермо силно одекна во фудбалскиот свет. Како бомба од ведро небо беше триумфот на македонскиот национален тим и пропуштањето на уште еден Мундијал на Италија, која беше фрлена во очај.
Голот на Трајковски во 92. минута и елиминацијата на Италија беше на насловните страници на сите светски спортски медиуми. Така беше и во Италија, но и во Шпанија каде што главна тема е испаѓањето на Италија од Мундијалот.
Европскиот првак не само што најавуваше пласман во Катар, туку и борба за големиот пехар. Но, сега ќе мора да го гледаат од дома, а Македонија во вторник ќе се бори да се пласира на своето прво светско првенство во историјата.
Интересна насловна имаше Тутоспорт кој објави фотографија од очајот на Италија, со наслов: „Нееееееееееееееееее!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА