Чудотворецот на Ајакс – нова желба на ПСЖ

Секој нов ден носи и ново тренерско име што се поврзува со преселба на клупата на ПСЖ, па така Ерик Тен Хаг е денешниот стратег што според европските спортски медиуми би можел да пристигне на „Паркот на принцовите“. Тухел долго време преговараше, но не потпиша нов договор со „светците“, па по серијата очајни игри во изминатите дваесетина дена Германецот би можел да добие отказ од упавата на ПСЖ, особено по конфликтот што го имаше со Килијан Мбапе.

Францускиот шампион разгледува неколку различни опции за нов кормилар, а една од најсериозните е Тен Хаг, стратегот што прави чудо со Ајакс во Лигата на шампионите сезонава. Тој има договор со холандскиот гигант до 2020 година, но челниците на Ајакс нема да му прават проблеми доколку добие примамлива понуда за една година претходно да си замине од „Амстердам арена“.

Медијатор во преговорите меѓу ПСЖ и Тен Хаг ќе биде познатиот фудбалски агент Мино Раиола, кој учествува и во продажбата на неколку ѕвезди на Ајакс во летниот преоден рок. Тен Хаг најавил дека нема да има никакви разговори до крајот на сезонава, со оглед на фактот дека тимот го очекува битка за титулата во Холандија, како и нова пресметка во Лигата на шампионите. Сепак, доколку арапските газди на ПСЖ решат да го одврзат кесето, јасно е дека нивните милиони ќе бидат примамливи за холандскиот стручњак.

Се вчитува...