Чудотворецот од Ленс доаѓа за тренер во Премиер-лигата

Пјер Саж неочекувано го привлече вниманието на фудбалската јавност откако овој стратег со тимот на Ленс долго му парираше на ПСЖ во трката за титулата во Франција, а во меѓувреме стигна и до трофејот во националниот куп, прв ваков пехар во клупската историја на Ленс.

Договорот му истекуваше на крајот од сезонава и Саж очекувано се реши за нов предизвик во кариерата, а тоа ќе биде  – преселба во најсилната лига на светот.

Лондонскиот премиерлигаш Кристал Палас водеше успешни преговори со овој француски стратег, кој начелно ги прифати условите за двогодишен договор на „Селхарст парк“. Саж ќе го потпише договорот до крајот на оваа седмица и ќе пристигне на местото на Гласнер, кој оствари историски успех со Палас со освоениот трофеј во УЕФА Конференциската лига.

Се вчитува...