„Чудовиште“: Роналдо стигна до 750 гола во кариерата

Кристијано Роналдо го постигна еден од најлесните голови во кариерата откако вечерва од триесетина сантиметри ја смести топката во мрежата на Динамо Киев за водство на Јувентус од 2-0. Сепак, овој погодок ќе остане запишан во историјата како јубилеен 750. гол во кариерата на португалската мегаѕвезда, севкупно на клупски и на репрезентативен план.

Роналдо забрзано чекори кон епитетот најдобар стрелец во фудбалската историја, со оглед на фактот дека пред него се само две фудбалски легенди, Јозеф Бикан со 759 и Пеле со 757 погодоци.

Од овие 750, Роналдо постигнал само 10% во дресот на Јувентус. Убедливо најефикасен бил како член на Реал Мадрид, постигнувајќи 450 гола, во дресот на Манчестер Јунајтед прецизен бил 118 пати, за селекцијата на Португалија има 102 погодоци, а во оваа статистика влегуваат и петте гола што Роналдо ги постигна на почетокот од кариерата, како член на Спортинг Лисабон.

 

Се вчитува...