Чупиќ бил на чекор до Букурешт, но трансферот пропаднал во „пет до дванаесет“

Иван Чупиќ беше првиот од низата актуелни ракометари на Вардар што се согласија на намалување на платите за да останат дел од „црвено-црните“. Сепак, многу лесно можело да се случи Хрватот да биде меѓу оние кои си заминаа бидејќи се наоѓал на чекор до трансфер во Динамо Букурешт.

Ова во изјава за романските медиуми го обелодени Даниел Георгеску, кој ги водел преговорите за романскиот првак, но не успеал да го комплетира трансферот.

„Динамо Букурешт се повеќе се развива од година во година, па летово сакаше да донесе врвни ракометари. Го контактираме Лук Абало, но не можевме да ги задоволиме неговите финансиски барања. Бевме во разговори со Иван Чупиќ од Вардар, кој беше сериозно заинтересиран. Непосредно пред да го потпише договорот со Вардар, неговиот агент ми телефонираше и бараше да му го испратам договорот што треба да го потпише со Динамо Букурешт. Сепак, поради домашните правила дека мораме да имаме најмалку осум романски ракометари во составот, решивме да не го комплетираме трансферот на Чупиќ“, истакна Георгеску.

Се вчитува...