Чупиќ и Јотиќ во тимот на колото во Лигата на шампионите

Двајца играчи на македонските претставници добија место во најдобриот тим на вторто коло во ракометната Лига на шампионите. Хрватите Иван Чупиќ и Ловро Јотиќ се меѓи најдобрите седум на изминатата рунда во елитното натпреварување.

Крилото на Вардар постигна седум гола во победата на европскиот шампион над Порто на домашен терен, додека левиот бек на Еурофарм исто постигна седум гола, но битолската екипа беше поразенана гостувањето кај Савехоф.

Во идеалниот тим на колото покрај Чупиќ и и Јотиќ се и Жоан Ледо Менендез, Себастијан Бартолд, Никола Карабатиќ, Харалд Раинкинд, Хендрик Пекелер.

Изборот на најдобрите седуммина во Лигата на шампионите е на следниот линк 

 

Се вчитува...