Чупиќ: Имам само една желба – да се простам пред полна сала од Вардар

Иван Чупиќ ги минува последните месеци во таборот на Вардар, со оглед на фактот дека веќе има потпишано договор за на крајот на сезонава да се пресели во редовите на Загреб. Крилниот ракометар е еден од најзаслужните за двете европски титули на „црвено-црните“, впрочем токму тој го постигна и голот за трофеј во големото финале со ПСЖ во 2017 година, а во интервју за „Спортске Новости“ Чупиќ говореше за завршницата од авантурата во „црвено-црните“.

Вардар го очекува пеколен распоред со бројни натпревари во месец февруари, кога ќе се реши и пласманот во групата од Лигата на Шампионите, но Чупиќ има само една желба до крајот на сезонава, да настапи пред полна сала во црвено-црниот дрес за како што прилега да се прости од верните навивачи.

„Тренерот Алушовски почна да ми го презентира календарот за февруари, дојде до половина месец и му реков да престане, зошто не можам да запаметам. Игравме со Нексе, па одиме во Порто, Фленсбург… Имаме премногу предизвици, но мораме да се фокусираме само на следниот натпревар, па на следниот… и така натаму. Искрено, имам само една желба во Скопје, кога ќе дојде времето за да се каже збогум, да имам од кого да се простам на трибините. Ми недостига онаа атмосфера, силата што ни ја даваше на секој натпревар. Навивачите на Вардар ми се омилена публика и би бил многу тажен ако немам можност уште еднаш да им се заблагодарам за се“, изјави Чупиќ за „Спортске Новости“.

Се вчитува...