Чупиќ: Никој од нас не бара сензација во Париз, но не одиме со бело знаме

Ракометарите на Вардар в среда имаат тешко гостување кај Пари Сен Жермен во дуел од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“  ја имаат победата над Фленсбург и ремито со Порто во двата одиграни дуела. ПСЖ е со три последовни порази и токму овој факт според искусниот Иван Чупиќ ќе биде силен мотив за домаќинот.

„ПСЖ има три порази и не е во лесна ситуација, зашто сите знаеме што очекуваат од оваа група. Нивната желба е да се пласираат на Ф4. Тие не играат добро како во француското првенство и имаат голем притисок затоа што нема време за поправка на грешки. Тие мора да победат на три-четири меча по ред. За нас ова е трет меч во Лигата на шампиони, имаме три бода, иако мислам дека можевме да имаме повеќе бодови. Никој од нас не бара сензација во Париз, но го анализиравме тимот и се подготвувавме на тренинг. Сигурно нема да одиме со бело знаменце на гостување, знаеме дека квалитетот е на нивна страна, но како и секогаш, со добра одбрана на нивна транзиција би можеле да создадеме притисок. Ако е добар мечот, би можеле да внесеме нервоза во мечот во последните десет минути и мислам дека тогаш би имале шанса за добар резултат“ – вели Чупиќ.

Се вчитува...