Чупиќ покажа класа на последниот тајм-аут на дуелот против Охрид (ВИДЕО)

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар остануваат перфектни во домашното првенство откако вечерва во дерби натпреварот од денешната понуда од 13. коло во Суперлигата славеа на гостувањето кај одличниот ГРК Охрид со 26-28.

Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ повторно покажа класа како и многу пати во кариерата. Тој им посочи на своите играчи дека овој меч е веќе готов и добиен, но истакна дека ГРК Охрид како тим мора да се почитува, да му се честита за фер и коректниот натпревар и потоа веднаш да се замине кон соблекувалната.

Се вчитува...