Чупиќ: Се надевам дека во клучните моменти ќе одиграме подобро од мечот во Скопје

Македонскиот шампион Вардар утре ќе му гостува на Пик Сегед во натпревар од Лигата на шампионите. Крилото на „вардарци“ Иван Чупиќ вели дека се надева дека ќе ги поправат големи грешки кои што ги направија во финишот на мечот кој во неделата се играше во Скопје.

„Првиот натпревар имавме шанса да го добиеме. Нашите промашени зицери го одлучија мечот. Кога ќе собереме добра екипа како Сегед знае да ја искористи шансата. Иако е празна сала знаеме дека е тешко да се игра таму. Нема многу време за плачење. Ја почитуваме екипата на Пик Сегед и се надевам дека ќе одиграме подобро од Скопје, бидејќи од меч на меч играме се подобро. Прво поради себе, па потоа и поради нашите навивачи да одиграме уште подобар натпревар“, вели Чупиќ. 

Натпреварот кој ќе се игра во Сегедин е закажан во четврток со почеток во 18:45 часот.

Се вчитува...