Чупиќ: Се погледнавме во очи и рековме – ќе играме до крај

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Ако сакаш титула, повикај го Иван Чупиќ. Хрватскиот интернационалец беше ладен како шприцер при изведувањето на седмерците во финалето со Веспрем, а во завршницата постигна многу значаен погодок. Тој вели дека успехот на Вардар е неверојатен, две европски титули во последните три години.

„Јас токму тоа сакам да го потенцирам. Вардар има две европски круни во последните три сезони. Тоа е фантастично. Малкумина веруваа во нас, останавме сами, но се погледнавме во очи и рековме – ќе играме до крај. И овој тим е составен од фантастични момци, кои секогаш го даваат најдоброто од себе. Тоа и носи успех“, изјави Иван Чупиќ по новиот европски трофеј на македонскиот ракометен првак.

Се вчитува...