Чупиќ: Тешко е да се помириш кога си европски првак, а сега…

Иван Чупиќ ќе биде еден од лидерите на Вардар на претстојниот фајналфор турнир во Задар, на кој „црвено-црните“ ќе го бранат трофејот во СЕХА-лигата. Предизвикот е огромен во конкуренција на Веспрем, Брест Мешков и Загреб, уште повеќе ако се земе во предвид „ремонтот“ во таборот на „вардарци“ во текот на летово.

„Не сме лоши, имаме потенцијал за да бидеме квалитетна екипа, имаме младост, висина и енергија, но мора да се биде реален во проценките на ситуацијата. Мене тоа ми паѓа најтешко, да се помириш кога се уште си европски првак и до вчера си играл со најдобрите на највисоко можно ниво, а сега ти е јасно дека тоа веќе нема да биде случај. Сите ние сме биле млади во некој дел од кариерите, некој ни дал шанса и ни помогнал да станеме врвни играчи. Само кога ќе се сетам на Криштопанс, кого го научивме милион работи, па тој ги научи оние по него и сега игра во ПСЖ. Затоа и мораме да се смириме, а ние највозрасните да бидеме најголема поддршка, наместо да се шири нервоза“, вели Чупиќ во интервју за „Спортске Новости“.

Потоа, хрватскиот ас детално ја прокоментира и ситуацијата во тимот во пресрет на Ф4 турнирот во Задар.

Ова е реалната ситуација – го имаме Вујин, кој три години нема играно на врвно ниво, потоа Векиќ, кој во Загреб не минувал центар за да заигра напад. Талески беше само резерва во Некар-Левен, а Дисингер пет месеци немаше одиграно натпревар. Потоа тука се Јотиќ и Гаџа, кои треба да се лидери, но никогаш не биле на ова ниво досега. И кога сето тоа ќе се собере, а згора на тоа го немаме Стоилов, па Дибиров добива по две топки на натпревар, а и Георгиевски имаше полесна вироза, јасно е дека се соочуваме со проблем“, истакнува десното крило.

Добра работа во целата ситуација е што се подобрува финансиската состојба, па ракометарите ги добиваат платите за кои се договорени со новото раководство.

„Состојбата се поправа и тоа е добро. Претседателот Михајловски прави се што може, тој многу го сака Вардар и е реален човек“, открива Иван Чупиќ.

Се вчитува...