Чупиќ: Вардар е прекрасна приказна… не ни беше воопшто битно што не бевме платени, сакавме да направиме чудо и успеавме!

Да не ги споменете Вардар и Иван Чупиќ во иста реченица е навистина тешко. Хрватот кој го остави „срцето на терен“ на секој натпревар на Вардар ќе биде со златни букви запишан во историјата на „црвено-црните“, но и за Вардар вечно ќе има место во срцето на огромниот човек.

Пишувајќи го својот „мемоар“ за ЕХФ, со наслов „Никогаш не престанувајте да верувате“, Чупиќ не можеше да го изостави Вардар и времето поминато во главниот град на Македонија.

„Вардар беше поинаква приказна. Кога ја освоивме првата титула во 2017 година, која беше мој втора, Вардар имаше визионер со своите редови – Сергеј Самсоненко. Тој беше човекот кој инвестираше во тимот неколку години наназад. Таа година имавме „микс“ од младост и искуствено, неколку врвни Шпанци и големиот тренер Раул Гонзалез. Се се поклопи. Целиот тим „кликна“ и постојано се дружевме. Заедништвото, таа врска помеѓу играчите го победи секој индивидуален квалитет на останатите клубови“

Притоа потсетувајќи се и на трофејот освоен во 2019 година…

„Мојот трет трофеј освоен во ЛШ во 2019 беше неверојатен. Многу играчи и Раул го напуштија клубот и медиумите веќе почнаа да зборат за крајот на Вардар и заминувањето на Самсоненко. Останавме неколкумина од таа прва генерација, но остана врската која ја имавме. Не ни беше воопшто битно тоа што не земавме плата и тоа што бевме уморни. Сакавме да се обидеме и да верувавме дека можеме повторно да го освоиме трофејот. Ја надминавме секоја пречка и докажавме дека чудата можат да се случат. Тоа беше мојата цел по пристигнувањето од Кијелце. Сакав да дојдам во тим во кој ќе бидам запомнет“

Љубовта на Чупиќ и Скопје е меѓусебна, а како што вели Хрватот, Вардар е повеќе од клуб за него…

„Играв за многу клубови, сменив многу тренери и држави, но нешто „кликна“ во Скопје. Клубот, градот, се ме потсетуваше на мојот Метковиќ. Ракометот беше тема број еден, а луѓето чекаа по една недела за нов меч. Таа врска ми помогна да се заљубам со луѓето и затоа Вардар стана повеќе од „работа“ и клуб за мене“ 

„Тоа што го доживеав во овие четири години во Скопје е неописливо. Исто како што имав идоли на кои се угледував, такво нешто осетив и во Скопје. Кога сте странец некаде, луѓето ве прифаќаат како свој, а кога го знаеш тоа секогаш ќе бидеш дел од таа, во овој случај „вардаровата“ фамилија. Тогаш тек сфаќаш дека си остварил нешто големо. Затоа многу ми беше тешко да ја донесам одлуката да не го продолжам договорот со Вардар“, пишува Чупиќ.

 

Се вчитува...