Чупиќ: Верувам и среќата ќе не посака во Келн

Иван Чупиќ најдобро знае како е да се стигне до европскиот врв, доаѓајќи во Вардар како актуелен европски шампион.

Чупиќ сега во Келн, во црвено-црниот дрес, силно посакува и да ја одбрани титулата од минатата година. Два натпревари за 24 часа ги очекуваат „вардарци“ на кои не секогаш победува фаворитот, и каде поважна е моменталната инспирација, расположението на играчите и факторот среќа.

Сигурно ќе бидеме подготвени, ќе видиме колку можеме да одговориме. Она што цела сезона функционираше добро, одбрана на голмани и брза транзиција и сега би требало да биде наша одлика. Со постигнување на лесни голови би ни било полесно. Но, Барселона е добра и знае што игра во секој момент. Ќе биде тешко, се мора да изгледа соврешено. Во главите сме спремни дека треба да дадеме максимум без разлика колку ќе игра некој, и да се подредиме на екипата. Само така може да се победи Барселона и да влезе во финалето. Вервам дека коцките ќе ни се наместат“вели Чупиќ, притоа дополнувајќи:

„Нашата подготовка и здравје ќе бидат најважни. Барселона е квалитетна и искусна, а ние две недели се подготвуваме за тој дуел. Како што игравме досега, тимски и одбрана и напад, треба да продолжиме. Како на и секој Ф4, и сега ќе решаваат детали, се надевам и малку среќата ќе не следи. Би сакал и голманите да бидат на ниво. Сетоа тоа ќе ни оди во прилог“.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн се игра во сабота од 18 часот.

Се вчитува...