Чупиќ знае како се освојува ЛШ: Со најдобриот ракомет да ја урнеме Барса

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Вардар е првпат на Ф4 во Келн, но има во своите редови и ракометар кој е актуелен освојувач на пехарот. Хрватот Иван Чупиќ лани со Кјелце стигна до шампионскиот пехар и потоа се пресели во Скопје, облекувајќи го „црвено-црниот“ дрес.

„Вардар е првпат во Келн, но тоа нема да биде пресудно. Има во нашиот тим многу искусни ракометари, кои играле големи финалиња. Ако не бевме меѓу најдобрите, сигурно немаше да избориме пласман на Ф4. Еден тим не го сочинуваат ниту еден играч, ниту еден тренер, најважен е проектот. Вардар покажа дека е голем проект, и секоја година одеше чекор понапред. Сега сме тука, и сакаме да го дадеме најдоброто од нас. Затоа што, верувајте, за да ја победиме Барселона, треба да го одиграме најдобриот ракомет. Тие се врвен тим, имаат искусни ракометари, тренер што долго ги води. Но, знаеме како треба…Максимална концентрација и верба во успех. Ние утре играме финале против Барселона! Ако со таков став излеземе на теренот, мислам дека имаме големи шанси за успех“, изјави Иван Чупиќ на средбата со новинарите, во пресрет на стартот на Ф4 турнирот во Келн.

Се вчитува...