Со две титули и искуство за „извоз“ Иван Чупиќ верува во овој Вардар

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Хрватскиот ветеран од Вардар, Иван Чупиќ ги има зад себе речиси сите изданија на Ф4 турнирот во Келн. Тој е еден од играчите со најмногу учества, дури седум пати е дел од европската ракометна елита. Неговто искуство вели дека полуфиналето е специфичен натпревар.

„Јас сум овде седми пат. Секогаш има фаворити. Секогаш се зборува за тоа кој би требало да освои. Но, јас го следам овој настан. Веќе 10 години никогаш во Келн немало полуфинале со 10 гола разлика. Секогаш се тоа тесни натпревари кои ги решава една шут или една голманска одбрана“ – вели Чупиќ во разговор за Екипа.мк.

Кога се доаѓа во Келн тешко е да се одлучи која од останатите екипи би ја избрале за противник. Нијанси ја праватразликата, но сепак се чини дека Вардар ја доби најтешката задача.

„Ниту една екипи од овие четири не би можела да одлучи кога би требало да си го бира противникот за полуфинале. Ние веројатно би избрале некоја македонска екипа за да ни биде најлесно. Генерално, Барселона е голем фаворит. Но не знам дали би избрал некоја друга екипа, Се надевам дека ние ќе бидеме најдобри што можеме и дека шансата како и пред две години ќе биде на наша страна“.

Пред две години, Вардар беше понаков тим, со поинаква структура, но и со многу поразлична клупска ситуација.

„Изненадување е за сите што сме тука. Имавме големи проблеми, но покажавме и карактер и срце и заслужено сме тука. Многу сме различни во однос на шампионскиот тим од пред две години. Тогаш имаше неколку млади играчи кои влечеа на желба и страст и неколкумина поискусни кои дававме мудрост во дадени моменти“.

Премрежјата низ кои минуваат играчите на Вардар сезонава одман не се тајна. Особено во втората половина од сезоната, речиси сите отворено зборуваат за финансиските проблеми со кои се соочуваат.

„Ова екипа покажа дека ова е тимски спорт дека кога осблекувалната е клучна. се покаа дека кога правием се еден за друг се е можно. се боревме еден за друг од првиот до последниот тренинг. Затоа сме овде меѓу европскиот крем“.

Иван Чупиќ пред две години со Вардар стана првиот играч со две последовни титули во шампионската лига откако претходно го освои торфејот со Киелце.

Се вчитува...