Чурлевски и Кукоски верни на Работник

Раководството на Работник продолжува со задржување на клучните ракометари за наредната сезона, па така денеска нови договори со битолскиот суперлигаш потпишаа Милорад Кукоски и Филип Чурлевски.

Милорад Кукоски се обврза на верност на уште една сезона и ќе остане да ја предводи одбраната на битолскиот клуб. Стружанецот се врати од Романија во Битола и ги оправда очекувањата во својата прва сезона. Филип Чурлевски, кој игра на позицијата среден бек, и во следните две сезони ќе го носи дресот на Еурофарм Работник.

Од раководството на битолскиот клуб најавуваат дека финиширањето на ростерот е речиси комплетно, откако беше задржан костурот на тимот од ланската сезона, а беа донесени и неколку квалитетни засилувања.

Се вчитува...