Чурлинов дебитираше за Барнли во ремито со Блекпул

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов само ден по официјалното претставување во дресот на Барнли дебитираше за тимот од Чемпионшипот, но за жал не се радуваше на победа откако неговиот нов тим ремизираше со 3-3 против Блекпул.

Барнли го започна натпреварот со головите на Браунхил и Тела за водство од 2-0 веќе во 11. минута, а откако Горбану намали на 2-1 во 21. минута, Тела со гол во 33. минута донесе преднсот од 3-1 на полувремето. Барнли не успеа да ја задржи предноста до крајот, а Лавери и Јетс во три минути од 74. до 77. минута успеаја да донесат бод за Блекпул.

Чурлинов во игра влезе во 72. минута на местото на Тела, но и не успеа да му помогне на тимот да постигне нов гол за три бода. Така шанса ќе има во следниот меч во кој Барнли ќе се сретне со Шрусбери.

Се вчитува...