Чурлинов дебитираше за Штутгарт во Бундеслигата, и тоа против својот поранешен клуб (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов го имаше своето деби за Штутгарт во германската Бундеслига и тоа против својот поранешен клуб Келн. Мечот од 5. коло заврши без победник (1-1). Чурлинов во игра влезе во 74. минута, со што ги запиша првите минути во елитното друштво во Германија оваа сезона.

Домаќините поведоа уште во првата минута од мечот со голот на Орел Мангала, додека конечните 1-1 ги постави Себастијан Андерсон од пенал во 23. минута.

 
Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...