Чурлинов емотивен за заминувањето од Шалке: Не може да раздвоите сродни души, ова не е збогум

Дарко Чурлинов се врати минатата зима во Шалке со надеж за повторување на претходните успеси од сино-белиот дрес. За жал, авантурата не мина онака како што посакуваше македонскиот репрезентативец, кој голем дел од средбите ги минуваше на клупата за резерви, па клупската управа реши воопшто да не преговара со Барнли за откуп на договорот за Чурлинов.

Нашиот интернационалец не го криеше разочарувањето од ваквиот исход, но преку емотивна порака најави дека еден ден повторно ќе го облече дресот на Шалке.

„Ова не е збогум, затоа што ќе се вратам еден ден. Не можете да разделите две сродни души… Засекогаш“, порача Дарко Чурлинов преку објава на својот инстаграм-профил.

Барнли во најскоро време треба да донесе нов тренер по преселбата на Винсент Компани на клупата на Баерн Минхен, по што ќе биде донесена и одлука за иднината на Македонецот, дали ќе добие шанса во англискиот клуб во Чемпионшип-дивизијата или повторно ќе биде испратен на позајмица.

Се вчитува...