Чурлинов го чека двенеделна пауза по повредата на мечот против Исланд

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов ќе мора да паузира две недели поради повредата на рамото која ја заработи на квалификацискиот меч против Исланд кој Македонија го доби со 3-1.

Чурлинов беше заменет во 63. минута поради болка во рамото, а дополнителните прегледи кои беа направени вчера во Штутгарт, беше констатирано напукнување на тетивата на рамото поради која ќе мора да биде надвор од терените следните две недели.

Се вчитува...