Во првата своја изјава веднаш по промоцијата во дресот на Шалке 04, Дарко Чурлинов отворено го истакна задоволството што ќе биде дел од клуб со огромна традиција.
Во Гелзенкирхен македонскиот офанзивец доаѓа како големо засилување за остварување на амбициите на клубот, итно враќање во Бундеслигата.
„Навистина многу сум среќен со овој трансфер. Разговорите со клубот беа навистина одлични, па одлуката да ја прифатам понудата беше лесна. Како тим пред нас се навистина сериозни предизвици а јас сакам да допринесам да се остварат сите цели и амбиции“ – истакна Чурлинов по промоцијата во новиот тим.
Македонскиот репрезентативец во Шалке 04 ќе го носи дресот со број 7.
Дарко Чурлинов од најмала возраст од Македонија се приклучи на академијата на Ханза Рошток во 2015 година. Потоа следеа трансферите во Магдебург и во Келн од каде во јануари 2020 се сели во Штутгарт. 21-годишниот Македонец има 15 настапи во Бундеслигата и шест во втората лига во Германија. Сега доаѓа на позајмица во Шалке 04 од Штутгарт до 30. јуни 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА