Чурлинов: Голот ми е награда за сите проблеми што ги надминав

Дарко Чурлинов е во фокусот на вниманието во Шалке, откако македонскиот репрезентативец блесна на дуелот со Нирнберг, постигнувајќи го својот прв гол во втората германска лига за тимот од Гелзенкирхен.

Крилниот дефанзивец го одигра својот најдобар меч во сино-белиот дрес, најавувајќи дека ќе биде сериозен адут на Шалке во клучниот дел од сезоната и борбата за влез во елитното германско фудбалско друштво.

„Ми требаше повеќе време отколку што се надевав за тој прв погодок.Ова беше тежок период за мене, имав и проблеми со рамото, секој ден одев на контроли за да видам дали ќе можам да играм. Голот ми е награда за сите проблеми што ги надминав. Прекрасно беше што се вратив на терен по речиси цел месец пауза, што можев да играм без никаква болка“, изјави Чурлинов за официјалната веб-страница на Шалке.

Се вчитува...