Чурлинов и Келн во конфликт: Утре на маса за надминување на проблемите

Несакани проблеми за македонскиот репрезентативец и еден од најголеми наши таленти Дарко Чурлинов во Келн.

Уште пред јавувањето на репрезентативниот собир со селекцијата до 21 година, Чурлинов се соочи со конфликт со раководството на германски Келн, кој се уште не е решен. Па, неговата иднина во овој клуб е под сериозен знак прашање.

Чурлинов неодамна доби наредба од челниците на Келн сезонава да игра единствено за младинскиот тим до 21 година во регионалната лига на Германија. Но, македонскиот фудбалер тоа категорично го одби исклучиво барајќи, согласно и претходните најави, да биде вклучен во работата на првиот тим на Келн. Двете страни се на различна фреквенција поради што за утре е најавен состанок на Македонецот со раководството на клубот како би се надминале недоразбирањата.

Договорот на Дарко Чурлинов со Келн завршува во 2020 година. Токму поради тоа германскиот бундеслигаш е во незавидна ситуација притиснат од можноста да го загуби еден од своите најголеми таленти, кој следната година ќе може да замине од клубот како слободен фудбалер.

Се вчитува...