Чурлинов и Шалке 04 ја прославија шампионската круна во Цвајте (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја прослави со Шалке 04 шампионската круна во Втората германска лига.

Чурлинов и Шалке 04 експресно се вратија во Бундеслигата, освојувајќи го првото место во Цвајте со два бода предност пред Вердер Бремен, кој исто така се враќа во најсилната лига во Германија.

По одличната сезона за македонскиот фудбалер, Шалке 04 сака да го задржи Чурлинов во своите редови и следната сезона. Чурлинов е во моментов на позајмица од Штутгарт, кој исто така сака да го врати во своите редови, па наредниов период и дефинитивно треба да биде познато каде македонскиот репрезентативец ќе настапува наредната сезона.

Се вчитува...