Чурлинов и Шалке триумфално за запоседнување на врвот: На само една победа од кам-бек во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и неговиот Шалке 04 ја запоседнаа лидерската позиција во Втората бундеслига откако триумфираа со 1-2 на гостувањето против Сандхаузен, а притоа искористувајќи го и поразот на Вердер Бремен на домашен терен со 2-3 од Кил.

Чурлинов стартувајќи во првиот тим на Шалке 04 одигра повеќе од квалитетен натпревар за својот тим кој до победата дојде со голот на Тероде во 91. минута од средбата. Претходно, истиот играч донесе 0-1 за Шалке во 71. минута, но Дикмајер во 83. минута израмни на 1-1.

Шалке 04 сега го запоседна врвот на табелата со два бода предност во однос на второпласираниот Вердер, и на две кола до крајот е на само една победа од враќање во Бундеслигата.

Се вчитува...