Чурлинов и Штутгарт го запреа Лајпциг

Дaрко Чурлинов и покрај повредата одигра триесетина минути од првиот бундеслигашки меч сезонава на Штутгарт, меч на кој „швабите“ успеаја да останат непоразени против фаворитот Лајпциг, ремизирајќи 1-1.

Дуелот почна многу лошо за Штутгарт, откако Лајпциг првата посериозна шанса ја претвори во водечки погодок преку Нкунку. Домашните фудбалери успеаја да се консолидираат и преку Ахамада на асистенција на Калајџиќ го израмнија резултатот.

Вториот дел мина во апсолутна доминација на гостите, кои создадоа пет-шест одлични шанси, но не успеаја да го совладаат по вторпат голманот на Штутгарт.

Чурлинов влезе во игра во 64. минута на местото на Калајџиќ но македонскиот репрезентативец не се најде во некоја посериозна ситуација за постигнување на гол.

Се вчитува...