Чурлинов и со свој прв гол сезонава ја заокружи одличната партија за Шалке 04 (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е играч на натпреварот за Шалке 04 во победата од 4-1 против Нирнберг во дербито од 17. коло во Втората Бундеслига.

Чурлинов извонредната партија ја заокружи и со својот прв гол сезонава во дресот на Шалке 04 каде настапува како позајмен фудбалер од Штутгарт. Во 85. минута македонскиот напаѓач мајсторски погоди по одбиената топка, за 3-1 во тие моменти за својот тим.

Претходно, и првиот гол за Шалке 04 кој го постигна Холанѓанецот Увејан беше дело токму само на македонскиот репрезентативец. Чурлинов одлично продре по левата страна, шутираше откосо а одбиената топка Увејан само ја смести во празната мрежа.

Шалке 04 по оваа победа се проби на третата позиција на табелата во битката за брзо враќање во Бундеслигата.

Се вчитува...