Чурлинов: Кога се игра за Македонија, не постојат пријателски натпревари

„Не постои за нас пријателски меч кога се игра за Македонија“.

Ова го изјави Дарко Чурлинов, македонскиот репрезентативец во пресрет на „тестот“ против Летонија утре на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, кој ќе биде како предигра за дуелот со Велс во финишот на квалификацискиот циклус за пласман на СП, во кој Македонија има шанса да обезбеди бараж.

„Кога се игра за Македонија, не постои пријателски меч. Секој натпревар за Македонија резултатот е приоритет. Атмосферата е одлична, имаме шанса за пласман на Светско првенство. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот на следните два натпревари, и ќе го придонесеме тоа на терен кое го имаме договорено. Важно е да влеземе на следниот меч како што треба. Победа ќе биде мотив плус за нас пред мечот со Велс, и подобро се чувствуваме секогаш кога победуваме“, рече Чурлинов.

Се вчитува...