Чурлинов не тренира со Шалке поради настинка

Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов го пропушти стартот на подготовките на Шалке. Тој не тренира поради болест, односно поради настинка. Правел и ковид тест кој е негативен, што значи дека не станува збор за коронавирус. Во моментов во тимот се двајца позитивни на вирусот, и еден од стручниот штаб.

Поради големото ширење на коронавирусот, Шалке го одложи тренинг кампот во Белек, Турција и останува да се подготвува во Гелзенкирхен. И останати германски екипи од „Цвајте“ ги одложуваат патувањата на подготовки.

Се очекува Чурлинов брзо да се врати на тренинзите на екипата. Чурлинов на крајот на сезоната ќе се врати во Штутгарт со кој има договор, а во моментов игра како позајмен во тимот од Гелзенкирхен.

Се вчитува...