Чурлинов не запира, стрелец и против Болоња (видео)

Дарко Чурлинов продолжува со одличните настапи во овој подготвителен период, откако по погодоците против германските нисколигаши денеска беше стрелец за Келн и на дуелот со италијанскиот прволигаш Болоња.

Македонскиот репрезентативец го постигна третиот гол за својот тим, за водство од 3-0, откако несебично беше проигран од еден соиграч, па рутински ја смести топката во мрежата.

Чурлинов максимално ги користи шансите што му се укажуваат, па нема да биде изненадување доколку остане во првиот тим на Келн и во текот на сезоната, во рамките од првата Бундес-лига.

Се вчитува...