Чурлинов неизвесен за настап на стартот во Бундеслигата

Македонскиот репрезентативец во редовите на Штутгарт, Дарко Чурлинов е неизвесен за настап на стартот од Бундеслигата, каде што неговиот тим игра против Лајпциг во недела во 15:30 часот.

Денеска тренерот Пелегрино Матарацо ја коментираше ситуацијата околу играчкиот кадар, и кажа дека Чурлинов е крајно неизвесен за настап. Чурлинов се жали на повреда на грбот, и токму од тука во последен момент ќе се одлучува дали ќе игра или не против Лајпциг.

Чурлинов одлично тргна во новата сезона, и во Купот против Динамо Дрезден го постигна единствениот гол за Штутгарт, кој се покажа како победоносен.

Се вчитува...