Чурлинов од клупата проследи како Штутгарт го „торпедираше“ Гројте Фурт

Штутгарт на нашиот Дарко Чурлинов на феноменален начин ја стартуваше новата сезона во Бундеслигата откако го декласираше повратникот во елитата, Гројте Фурт со 5-1.

Головите за домаќините ги постигнаа на двапати Кемп и по еден Клеман, Ендо и Ал Гадију. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов не доби шанса на овој меч и остана на клупата за резерви.

БУНДЕСЛИГА РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: 

Штутгарт – Гројте Фурт  5-1

Арминија Б. – Фрајбург 0-0

Аугзбург – Хофенхајм 0-4

У. Берлин – Леверкузен 1-1

Волфзбург – Бохум 1-0

Се вчитува...