Англискиот првак Ливерпул славеше со 3-0 на првиот контролен натпревар летово против екипата на Штутгарт, меч на кој шеесет минути одигра и македонскиот напаѓач Дарко Чурлинов.
Младиот офанзивец влезе во игра во 30. минута во таборот на Штутгарт, по повредата на Томи, но не успеа да се запише во листата на стрелци.
Ливерпул очекувано лесно стигна до победата во меч во кој Јирген Клоп двете полувремиња ги одигра со две различни постави. По првите 45 минути „црвените“ водеа со 2-0 со головите на Фирмино и на Кеита, во вториот дел на теренот се појавија „резервистите“ на Клоп, постигнувајќи и трет погодок преку Брустер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА