Чурлинов официјално промовиран во дресот на Шалке 04 (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и официјално промовиран во дресот на Шалке 04 каде ќе мине на позајмица до крајот на оваа сезона.

Во меѓусебен договор, Штутгарт и Чурлинов, одлучија македонскиот фудбалер престојнава сезона да ја игра за Шалке 04. Во тимот од Гелзенкирхен офанзивецот останува до јуни 2022 година, без можност потоа на Шалке 04 за целосен откуп на договорот од Штутгарт.

Во редовите на Шалке 04 не го кријат задоволството од ангажманот на Чурлинов.

„Дарко е ол-раунд напаѓач кој е навистина опасен за секоја противничка одбрана, со исклучително силни офанзивни вештини. Токму тип на играч каков недостасуваше на нашиот тим поради што огромно е задоволството што го реализиравме овој трансфер за престојната сезона“ – истакна на промоцијата спортскиот директор на Шалке 04, Рувен Шредер.

Се вчитува...