Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е најзаслужниот за пласманот на неговиот Штутгарт во следната рунда натпревари од Купот на Германија.
Во првото коло, Штутгарт славеше на гостувањето против Динамо Дрезден со 0-1, токму со погодокот во првото полувреме на Чурлинов.
„Знаев дека одбраната на Динамо ќе се фокусира каде што е топката, ќе ме подзаборави и добро се поставив на вториот дирек. Ја искористив асистанцијата и постигнав гол. Откако добивме црвен картон имавме потешкотии во играта, но добро е што на крај се заврши како што треба. Во Купот ништо друго не е важно, освен пласманот во следната рунда“ – изјави Чурлинов за официјалната интернет-страница на Штутгарт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА