Чурлинов потпиша: Ќе му помогнам на Штутгарт во борбата за влез во елитата

Дарко Чурлинов од денеска и официјално е нов член на Штутгарт, откако младинскиот репрезентативец го комплетираше трансферот во редовите на германскиот второлигаш, каде пристигнува од таборот на Келн. Тој два дена тренираше со „швабите“, за денеска двата клуба дефинитивно да постигнат договор околку отштетата, по што 19-годишниот Чурлинов потпиша договор со Штутгарт, со важност до 30 јуни 2024 година.

„Пресреќен сум што сум овде, стопроцентно сум мотивиран да дадам се од себе за Штутгарт. Сакам да му помогнам на тимто, да сторам се што е потребно за да бидам од помош во битката за влез во елитата. Од првиот момент бев топло пречекан од соиграчите, сега сакам уште подобро да ги запознаам сите членови на тимот“, изјави Чурлинов по потписот на договор.

Дарко Чурлинов влезе во игра за Келн во првото коло од новата сезона, во првата Бундес-лига. Потоа тој настапи на девет средби за втората екипа на Келн во четвртата германска лига, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

Чурлинов ќе го носи дресот со број 19 во новиот клуб.

Се вчитува...