Чурлинов пред промоција во дресот на Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов деновиве очекува официјална промоција во германскиот второлигаш Штутгарт.

Како што пренесува германски „Билд“, трансферот на Чурлинов од Келн во Штутгарт е веќе договорен а се очекува единствено промоцијата во текот на следната недела кога и ќе стартуваат подготовките на Штутгарт за пролетната сезона.

Договорот на македонскиот фудбалер со Келн истекува во јуни следната година, па и за Келн е од интерес, доколку не следи понуда за нов меѓусебен договор, продажба во престојниот зимски преоден рок.

Штугарт по есенскиот дел е на третото место во Втората германска лига, останувајќи во сериозна трка со Арминија Билефелд и Хамбургер за прволигашка промоција.

Се вчитува...