Чурлинов сака да остане во Шалке, на потег е Штутгарт

Договорот помеѓу Штутгарт и Шалке за Дарко Чурлинов вели дека по завршувањето на сезоната, македонскиот репрезентативец ќе треба да се врати во таборот на „Швабите“. Чурлинов на почетокот на сезоната од Штутгарт беше испратен во Гелзенкирхен на позајмица, но сега работите може да се сменат.

Чурлинов е можно да не се врати во Штутгарт, туку да остане во Шалке. Според германските медиуми, самиот фудбалер побарал или да биде продаден, или да биде остварена нова позајмица на уште една сезона.

Спортскиот директор на Штутгарт, Свен Мислинтат околу ситуацијата имаше свое видување.

„Во контакт сум со Чурлинов. Тој е добродојден назад. Ќе разговараме по завршувњето на сезоната“, рече Мислинтат.

Претходно навивачите на Шалке бараа Чурлинов да биде откупен од Штутгарт. Но, Шалке ќе нема многу буџет на располагање, ако се има во предвид дека останаа без главниот спонзор „Гаспром“.

Чурлинов може да избори прволигашка промоција со Шалке, додека Штутгарт, пак, може идната сезона да се натпреварува во „Цвајте“.

За да биде драмата уште поголема, доколку се поклопат коцките, бараж може да играат токму Шалке и Штутгарт.

Се вчитува...