Чурлинов се врати на тренинзите на Штутгарт (ВИДЕО)

„Се врати“, стои во насловот на Штутгарт за враќањето на Дарко Чурлинов на тренинзите на тимот. Македонскиот репрезентативец по една сезона мината на позајмица во Шалке, се врати на тренинзите на „Швабите“, каде ќе брка место во екипата во следната сезона во Бундеслигата.

И покрај желбата да остане во Гелзенкирхен, сепак, на крајот Шалке не сакаше да плати 3 милиони евра за неговите услуги, а Штутгарт не се согласи да го пушти на нова позајмица. Шалке и натаму не се откажува, па последната понуда на Штутгарт е позајмица но со задолжителен откуп во 2023 година од 3 милиони евра.

Чурлинов има договор со Штутгарт до 2024 година.

Се вчитува...