Чурлинов дебитираше со асистенција, Шалке 04 убедливо загуби од Регенсбург

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов веднаш дебитираше во дресот на Шалке 04 во втората германска Бундеслига.

Шалке 04 во 4. коло загуби убедливо со 4-1 на гостувањето против Регенсбург, а Чурлинов ги одигра последните 30 минути од средбата кога веќе и беше одлучен победникот на натпреварот.

Регенсбург веќе имаше предност од 2-0 по 55 минути игра, а до крајот на дуелот се заокружи на 4-1. Чурлинов асистираше за единствениот погодок на Шалке во 75. минута.

Се вчитува...