Чурлинов со деби погодок во дресот на Келн (ВИДЕО)

Еден од најдобрите македонски млади фудбалери Дарко Чурлинов го постигна првиот гол за сениорскиот тим на германскиот Келн.

Македонскиот репрезентативец доби шанса во второто полувреме на мечот со Фрехен кој Келн го доби со убедливи 7-1, а во 52. минута Чурлинов ја оправда довербата стрелајќи за во тој момент 5-0 за тимот од Келн.

Минатата сезона нашиот репрезентативец беше еден од најдобрите во младинскиот тим на Келн.

Голот на Чурлинов можете да го погледнете на временскиот исечок 1:10:46….

Се вчитува...