Чурлинов: Среќен сум што доаѓам во Англија… Компани: Добивме неверојатно вреден фудбалер!

Англискиот чемпионшиплигаш Барнли и официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов како свое најголемо засилување за новата сезона.

Чурлинов се раздели со Штутгарт и денеска потпиша четиригодишен договор со Барнли, вреден 5 милиони евра, не криејќи го задоволството од реализацијата на трансферот…

„Возбуден сум што пристигнав тука, едвај чекам да почнам да играм. Нема времe за губење, со нетрпение го чекам првиот натпревар. Навистина сум пресреќен што сум во Англија и што ќе го почувствувам островскиот фудбал, убедливо најатрактивниот во светот“ – рече Чурлинов на промоцијата во новиот клуб.

А, задоволството од ангажманот на македонскиот фудбалер не го криеше и менаџерот на Барнли, легендата на белгискиот фудбал Винсен Компани, на чие инсистирање Чурлинов доаѓа во Англија.

„Барнли е задоволен што може да потврди дека го ангажираше Дарко Чурлинов од Штутгарт. Дарко е офанзивно ориентиран играч и неверојатен работник. Имаме добар однос со Штутгарт па успеавме да го донесеме ова младо перспективно момче. Среќни сме што тој ќе биде дел од иднината на клубот и со нетрпение чекаме да го интегрираме во тимот“ – истакна Компани.

Се вчитува...