Чурлинов стрелец на неговиот прв меч по „кам-бекот“ во Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, постигна гол за Штутгарт во првиот натпревар по неговиот „кам-бек“ во овој тим. Чурлинов влезе во вториот дел од средбата, и постигна гол во 69. минута, во тие моменти носејќи водство за својот тим од 2-1.

Неговиот тим на крајот успеа да го совлада составот на Цирих со 3-2, а токму резервисти ги постигнаа сите три гола за „швабите“.

Чурлинов по едногодишна позајмица се врати во таборот на Штутгарт, и очигледно дека веднаш се наметнува да биде стандарден во дресот на Штутгарт ви следната сезона, откако пропадна можноста да биде барем уште една сезона во тимот на Шалке.

Се вчитува...