Чурлинов влезе и ги разигра соиграчите за пресврт победа на Шалке над Регенсбург (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов и Шалке 04 стигнаа до голема победа во борбата за враќање во елитниот германски фудбал. Тие на домашен терен по пресврт успеаја да слават над Регенсбург со 2-1 во 21. коло на „цвајти“.

Токму по влегувањето на нашиот репрезентативец во 62. минута Шалке заигра подобро и успеа да стигне до пресврт. Само минута подоцна Тероде израмни на 1-1, додека конечните 2-1 ги постави Тиу во 73. минута.

Со овој триумф Шалке се искачи на третата позиција на табелата со 37 бода, односно само два помалку од лидерот Дармштад и еден помалку од вториот Вердер Бремен.

 

 

Се вчитува...