Чурлинов влезе од клупата и веднаш даде гол во Купот на Германија (видео)

Дарко Чурлинов се запиша меѓу стрелците на првиот официјален натпревар на Штутгарт во новата сезона, на дуелот од Купот на Германија на гостински терен против Динамо Берлин што прволигашот го доби со убедливи 0-6.

Македонскиот офанзивец влезе во игра во второто полувреме и веднаш стрелаше прецизно, откако одлично истрча еден контранапад и рутински ја смести топката во мрежата за конечните 0-6 на оваа средба.

Погодокот на македонскиот репрезентативец во Купот на Германија можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...