Чурлинов во друштво со Санчо, Џејмс, Дејвис и Влаховиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов имаше одличен викенд во Бундеслигата каде во директно учествуваше во победата на својот Штутгард над Аусбург со 2-1 со што го остави својот тим во игра за седмата позиција на табелата. Крилото влезе на натпреварот како замена во 64. минута од мечот, а не му требаше долго да се прилагоди на случувањата на теренот бидејќи десет минути подоцна асистараше до Калајџиќ за ново водство на својот тим.

До партија на Македонецот му додели место меѓу најдобрите млади единаесеттмина во „Топ 5“ лигите во Европа во изборот на ‘WhoScored’ со што репрезентативецот „застана“ рамо до рамо со Рис Џејмс од Челси, Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Душан Влаховиќ од Фиорентина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WhoScored (@officialwhoscored)

Асистенцијата на Чурлинов можете да го погледнете на видеото подоле…

Се вчитува...