Чурлинов во тимот на колото по одличната партија за Шалке 04 (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се најде во изборот на колото во втората Бундеслига во изборот на германски „Кикер“ по беспрекорната партија против Падерборн во 23. коло.

Чурлинов запиша одличен натпревар во победата на Шалке 04 од 2-0.

Македонскиот репрезентативец, кој беше стартер за домаќините, беше најдобриот поединец во редовите на Шалке крунисувајќи ја одличната партија и со мајсторски гол во 74. минута за конечни 2-0.

Се вчитува...